Дома Фудбал ФИФА направи голема промена: На Мундијалот наредното лето се враќа правилото од 2006 година!

ФИФА направи голема промена: На Мундијалот наредното лето се враќа правилото од 2006 година!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука за претстојното Светско првенство во Америка, Канада и Мексико да го врати на сила правилото што го укина во 2006 година.

По извлекувањето на групите за Мундијалот, ФИФА објави и промените во правилата за натпреварување, при што значајна измена се однесува на бодирањето во групната фаза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Последните дваесет години ФИФА ја вреднуваше гол-разликата повеќе од меѓусебниот резултат, но сега тоа ќе се смени и ќе се врати на поранешната практика.

Новото правило гласи: Доколку на крајот од групната фаза две репрезентации имаат ист број поени, предност ќе има репрезентацијата која е поуспешна во меѓусебниот дуел со ривалот со кого има ист број поени.

Само доколку меѓусебниот натпревар заврши нерешено, ќе се разгледува која репрезентација има подобра гол-разлика во целокупната групна фаза.

ФИФА со оваа промена има за цел да ги избегне ситуациите каде најсилните репрезентации на светот би ја користеле можноста против послабите ривали во групата за да ја подобрат својата гол-разлика и така да стекнат предност над конкурентите.

Потсетуваме, вчера во Вашингтон беа извлечени групите за Светското првенство, кои во групната фаза ќе бидат 12 на број.

Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе се пласираат директно во осмина-финалето, каде што ќе им се придружат осумте најдобри треторангирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тагата е непоимлива: Легендарниот Немања Видиќ ги дозна најлошите можни вести

Тажни вести доаѓаат од Србија. Тешка ноќ за семејството на легендарниот Немања Видиќ, пора…