Дома Фудбал ФИФА го избра Донарума за најдобар голман во светот!

ФИФА го избра Донарума за најдобар голман во светот!

Италијанецот Џанлуиџи Донaрума е прогласен за најдобар голман за 2025 година според ФИФА, стекнувајќи го признанието „The Best“. Во моментов, Донaрума настапува за Манчестер Сити каде што оваа сезона одигра 25 натпревари и прими 20 голови. Тој е прв голман на италијанската репрезентација која треба да игра дополнителни квалификации за Светското првенство. Минатата сезона беше извонредна за 26-годишниот голман.

Тој бранеше за ПСЖ, каде што освои Лига на шампиони и француско првенство. Минатата сезона беше неговата четврта и последна во ПСЖ, откако пристигна од Милан со слободен трансфер во летото 2021 година. Донaрума и тренерот Луис Енрике имаа недоразбирања, па Донaрума мораше да го напушти клубот.т Манчестер Сити го купи за 30 милиони евра, а под водство на Пеп Гвардиола се наметна како прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА жестоко го казни Партизан!

Фудбалскиот клуб Партизан денеска беше строго санкциониран од страна на светската фудбалск…