
Меѓународната автомобилска федерација (FIA) официјално објави низа измени во техничките правила за сезоната 2025 во Формула 1, со посебен акцент на ладењето на возачите и употребата на DRS (системот за намалување на воздушниот отпор).
Овие промени беа усвоени на состанокот на Светскиот совет за мотоспорт во Руанда.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Една од клучните промени се однесува на воведувањето на нови правила под името “топлотна опасност”.
Кога официјалните временски радари на ФИА ќе предвидат температури над 30,5°C, или кога директорот на трката тоа ќе го прогласи пред настанот, тимовите ќе бидат обврзани да ги опремат возачите со дополнителни системи за ладење.
За да се прилагодат на зголемената тежина на опремата за ладење, минималната тежина на болидите ќе биде зголемена за 5 кг за време на целиот тркачки викенд.
Се нагласува дека оваа мерка има за цел да ја обезбеди безбедноста на возачите за време на трките при екстремно топли услови, што беше проблем за време на ГН на Катар.
Освен безбедноста на возачите, FIA воведе и нови правила за DRS.
Дел од новите правила за DRS е јасен, директен и дефинитивен одговор на техничките иновации што ги користеше McLaren за време на сезоната 2024, особено на Големата награда на Азербејџан.
Секако, овој вид правила беше применуван и минатата сезона, но за да се избегнат грешките од минатото и да се постигне појасна дефиниција, FIA воведе сосема ново правило.
Имено, сега е променет минималниот размак помеѓу елементите на задното крило, кој сега изнесува помеѓу 9,4 мм и 13 мм.