Дома Фудбал ФФМ: Згрозени сме, ова е срам за фудбалот

ФФМ: Згрозени сме, ова е срам за фудбалот

Екипата на Башкими оствариважна победа на гостувањето кај Кожуф, но натпреварот остана во сенка на контроверзен момент во самиот финиш.

Во судиското продолжение, фудбалерите на Кожуф речиси престанаа да се движат и не покажаа отпор додека гостите без поголеми потешкотии го постигнаа победничкиот гол

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ова предизвика големи реакции, па се огласија од ФФМ каде останаа згрозени.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од 28. коло во Втора МФЛ.

Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.

Она што го видовме е срамно и неприфатливо.

Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.

Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.

Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.

Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.

ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.

Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.

Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл каков не се памети, Интер е во финале

Интер и Барселона одиграа легендарно полуфинале со 13 гола и на крајот Интер се пласира во…