Дома Фудбал ФФМ се огласи и најави санкции за Воска!

ФФМ се огласи и најави санкции за Воска!

Фудбалската федерација на Македонија ја објави судиската анализа за 28. коло во кое во центарот на вниманието беа случувањата на натпреварот помеѓу Воска и Вардар каде што домаќините го напуштија теренот на 15-тина минути пред крајот.

Во анализата ФФМ истакнува дека немало никакво прекршување на правилата и најави санкции за охридскиот клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Видео материјалите од посочениот момент при постигнување на израмнувачкиот погодок за гостинската екипа не потврдуваат никакво прекршување на Правилата на фудбалската игра, ниту нивна погрешна интерпретација и оттука одлуката на судијата не може да биде оценета како погрешна проценка. Одлуката на ФК Воска да го напушти теренот претставува сериозен преседан, непрофесионален и крајно неодговорен чин, кој е во спротивност со духот на спортот, основните фудбалски принципи и фер-плеј вредностите кои ги застапуваме. Фудбалската игра подразбира почитување на процесите, институциите и правилата на играта, дури и во моменти на несогласување. Со самоволно прекинување на натпревар во професионално натпреварување како Прва МФЛ се испраќа порака која не е добредојдена, ниту на теренот, ниту надвор од него. Ваквиот однос мора јасно и недвосмислено да биде санкциониран.

Комплетната анализа можете да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус постави две сериозни имиња за следната сезона

Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Га…