Дома Фудбал ФФМ му забрани на Шкупи да игра во Чаир!

ФФМ му забрани на Шкупи да игра во Чаир!

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига стартува овој петок, а една од најзначајните новости ќе биде воведувањето на ВАР технологијата. Сепак, не сите клубови се подготвени да ги пречекаат технолошките новитети.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска соопшти дека дел од стадионите сè уште не ги исполнуваат потребните услови за функционирање на ВАР системот, при што особено се истакнува стадионот во Чаир.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, објави дека Шкупи нема да може да ги игра своите домашни натпревари на сопствениот терен поради технички недостатоци.

„Шкупи не го исполни својот дел од обврските – не се поставени платформите за камерите, ниту е обезбедена климатизирана просторија, што беше јасно посочено уште пред извесно време. Поради тоа, нема да добијат дозвола да играат на стадионот во Чаир и ќе мораат да најдат алтернативно решение“, изјави Омерагиќ на денешната презентација на системот.

Останатите прволигашки клубови ги имаат исполнето техничките критериуми за користење на ВАР, додека Шкупи, освен што останува без домашен терен, продолжува да се соочува со турбуленции. Клубот е под лупа поради обвинувања за местење натпревари, контроверзни трансфери и незадоволство од навивачката база – што дополнително го продлабочува нестабилниот период во чаирскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…