Дома Фудбал ФФМ ја најави новата сезона во ПМФЛ: Од кого што може да се очекува?

ФФМ ја најави новата сезона во ПМФЛ: Од кого што може да се очекува?

Со нови предизвици и повеќе прашања отколку одговори, на 8. август (петок) започнува новата сезона во Прва МФЛ. Шкендија – Шкупи (петок, 17:00 часот) и Вардар – Пелистер (петок, 20:00 часот) ја отвораат новата сезона 2025/26 во Прва МФЛ.

Со големи очекувања и уште поголеми амбиции, Прва МФЛ започнува со јасна порака. Борбата за врвот ќе биде поизедначена и понеизвесна, веројатно, од кога било досега.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Актуелниот шампион Шкендија влегува во сезоната како тим што има цел да го задржи тронот. Со искусен ростер и веќе изграден систем, тетовскиот клуб останува главен фаворит, но ќе се соочи со сериозна конкуренција. Уште повеќе што тетовци за прв пат во својата историја се дел од главната рунда европски клупски натпреварувања.

По години нестабилност, Вардар повторно делува како клуб со структура и резултатски очекувања. Сезоната пред нас ќе биде вистински тест за тоа дали „црвено-црните“ се подготвени за целосно враќање на врвот на македонскиот фудбал.

Силекс и Работнички, охрабрени од европските настапи, ќе настојуваат да ја задржат позитивната динамика и во домашниот шампионат. За двата клуба, континуитетот е клучен збор, нешто што им недостасуваше изманативе години.

Струга Трим Лум, иако без титула минатата сезона, останува еден од добро организираните клубови во лигата. Како двократен првак и стабилно раководство, амбициите за европски пласман се реални и оправдани.

Башкими по повеќе од деценија се враќа во најсилната конкуренција, но амбициите не се само за опстанок. Клубот од Куманово го гради тимот на основа на комбинација од млади фудбалери и искусни имиња, со цел да биде фактор уште од првото коло.

Во групата на тимови кои ќе бараат место во горниот дел од табелата влегуваат Македонија Ѓорче Петров, тим кој знае да игра на резултат, како и Тиквеш, кој секогаш добива силен импулс од домашната публика во Кавадарци.

АП Брера и Аресими треба да покажат дека можат да бидат конкурентни против секого. Нивната улога ќе биде значајна во формирањето на пласманот на табелата.

Специфична ќе биде ситуацијата во Пелистер, клуб кој ќе стартува со силен мотив да покаже дека фудбалот во Битола секогаш заслужува респект. Публиката останува најсилниот сојузник и најголемиот критичар. Со нов тренер и многу промени во играчкиот кадар, амбициите се место меѓу најдобрите екипи во лигата.

Шкупи е голем знак прашалник пред почетокот на новата сезона. Со многу промени во составот, неизвесен спортски правец и интерна реорганизација, статусот на тимот од Чаир се уште е далеку од јасен. Но и покрај тоа, остануваат тим што секогаш има потенцијал за изненадување.

РАСПОРЕД – 1. коло, 1 МФЛ:

петок, 8. август

Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | градски стадион, Тетово

Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје

сабота, 9. август

Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово

Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | стадион Караорман, Струга

недела, 10. август

Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци

понеделник, 11. август

Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | стадион Силекс, Кратово

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дарко Чурлинов пред трансфер во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на прагот на нов трансфер, а извесно е дека …