Дома Моторспорт Ферстапен: Нема да биде крај на светот ако ме суспендираат

Ферстапен: Нема да биде крај на светот ако ме суспендираат

По контроверзниот контакт со Џорџ Расел во Шпанија и речиси полната листа казнени поени, Макс Ферстапен вели дека евентуалната суспензија не би била катастрофа.

Макс Ферстапен е моментално на чекор до забрана да учествува на една трка во Формула 1, но холандскиот шампион порачува дека не се грижи за тоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Четирикратниот првак од Ф1 се наоѓа со 11 казнени поени, а уште само еден е доволен за да биде автоматски суспендиран од една трка.

До оваа опасна граница стигна по контроверзен потег на крајот од ГН Шпанија, кога изгледаше дека намерно го удри во страната на Мерцедесот на Џорџ Расел.

Поради тој инцидент, Ферстапен беше казнет со 10 секунди, што го чинише позиција – падна од петтото на десетото место и сега заостанува 49 поени зад лидерот на шампионатот Оскар Пјастри.

Ден по трката, Макс се огласи на социјалните мрежи и призна: потегот „не беше исправен и не требаше да се случи“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Новата љубов на Мик Шумахер: Фаталната Босанка стана минато, сега е забележан со убава Португалка

Мик Шумахер е виден во јавноста со новата девојка, а неговата поранешна веќе започнала нов…