Дома Моторспорт Ферстапен ја смета одбраната на титулата како невозможна мисија – Норис или Пјастри ќе стане шампион

Ферстапен ја смета одбраната на титулата како невозможна мисија – Норис или Пјастри ќе стане шампион

Големата награда на Бразил на Интерлагос во Формула 1, се вози денес од 18 часот. Пол позицијата ја има Ландо Норис во Мекларен, кој победи и во спринтот и ја зголеми предноста во генерален пласман на 39 поени повеќе од Макс Ферстапен во Ред Бул.

Четирикратниот последователен и актуелен шампион на Формула 1, натпреварувањето го смета за завршено.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Пред сè, треба да разбереме во што е проблемот? Ситуацијата е лоша. Не разбираме баш зошто работите се одвиваа вака. Едноставно немаше пристисок на автомобилот. Променивме неколку работи во автомобилот и не функционираше – тоа треба да го разбереме. Чувството е како ништо да не функционираше, а ние тоа не го разбираме”, изјави Летечкиот Холанѓанец, кој ќе стартува дури 16-ти откако испадна во првиот сегмент, прв пат од Големата награда на Русија 2021 година во Сочи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Норис: Сакам повторно да бидам светски шампион во Ф1

Возачот на Мекларен, Ландо Норис изјави денес дека уживаше минатата сезона кога ја освои т…