Дома Фудбал Фергусон прави неочекуван камбек – веднаш ја прифати понудата што ја доби!

Фергусон прави неочекуван камбек – веднаш ја прифати понудата што ја доби!

Сер Алекс Фергусон е една од легендите на Манчестер Јунајтед и легендарен тренер на овој клуб, а сега е подготвен да направи шокантно враќање во фудбалот, тврдат англиските медиуми.

Фергусон освои 13 титули во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, а во 2013 година се пензионираше со уште една освоена титула.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Потоа стана амбасадор на клубот, но и еден од директорите. Сепак, челниците на Манчестер Јунајтед неодамна ја прекинаa соработката со него поради превисоки трошоци.

Фергусон кратко се врати на тренерската работа во 2019 година кога легендите на Манчестер Јунајтед одиграа натпревар против легендите на Баерн на „Олд Трафорд“.

Како стојат работите, Фергусон ќе се врати на клупата во блиска иднина, а за сето тоа е „виновен“ поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вилјареал и Фиорентина, Италијанецот Џузепе Роси.

Тој во 2023 година се пензионираше и одлучи да одигра проштален натпревар на 22 март во Италија.

Сениорското деби во 2004 година му го овозможи токму Сер Алекс Фергусон, а Италијанецот наводно договори истиот тренер да му ја води и последната утакмица во кариерата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн и Интер без проблем во четвртфинале

Баерн Минхен и Интер со уште една победа го потврдија своето учество во четвртфиналето, во…