Дома Фудбал Фердинанд во солзи откри потресна причина зошто не зборувал за борбата на својата сопруга со ракот

Фердинанд во солзи откри потресна причина зошто не зборувал за борбата на својата сопруга со ракот

Рио Фердинанд се присети на тешките моменти од 2015 година кога ја загуби својата сопруга Ребека по нејзината борба со ракот. Во емотивен разговор призна зошто тогаш не можеше да ја отвори душата ни пред најблиските пријатели од соблекувалната. Фердинанд денес се обидува да го промени начинот на кој фудбалерите зборуваат за менталното здравје и животните борби.

Ребека Фердинанд почина во 2015 година на 34 години, само една година по тоа што и беше дијагностициран рак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако примаше терапија и се надеваше на оздравување, болеста се врати и се прошири на коските.

Пет недели откако лекарите и соопштија дека нејзината состојба е терминална, ја изгуби битката со болеста.

Фердинанд тогаш беше член на Манчестер Јунајтед, но не зборуваше за тоа ни со еден од соблекувалната.

Десет години подоцна, во разговор за “The Times”, откри разговор што го имал со Вејн Руни, кога двајцата отворено разговарале за личните борби што долго ги криеле.

Фердинанд рече: „Тоа е вградено во мажите – да не зборуваат“.

Поранешниот англиски репрезентативец денес се обидува да го промени тој образец преку својот подкаст “Rio Meets”, каде создава безбедно место за гостите да зборуваат за своите проблеми.

Вејн Руни, кој претходно се појави во емисијата, призна дека жали што тогаш не му дал поддршка на својот соиграч.

Руни рече: „Не само јас, туку и другите играчи размислувавме – зошто не направивме повеќе за да ти овозможиме да ни се отвориш?“

Во текот на тој разговор, Руни дури призна дека верува дека би бил мртов ако не ја имал поддршката од својата сопруга Колин.

Фердинанд за таа епизода рече: „Бев шокиран. Не очекував да биде Вејн толку отворен. Го видов во тешки ситуации. Живеевме, делевме и дишевме фудбал заедно, но многу работи што ми ги кажа тогаш – не ги знаев“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…