Дома Фудбал Фердинанд ги избра четирите напаѓачи против кои мразел да игра

Фердинанд ги избра четирите напаѓачи против кои мразел да игра

Во текот на 20-годишната кариера, од кои 12 поминал во Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд беше еден од најдобрите стопери во светот. Шест пати ја освоил Премиер лигата, а во 2008 година и Лигата на шампионите, и има освоено 81 настап за англиската репрезентација.

За клубовите одиграл 692 натпревари, од кои дури 504 за „ѓаволите“ и се соочувал со повеќето од најдобрите напаѓачи во светот. Во разговорот за познат подкаст избра четворица напаѓачи против кои особено не сакал да игра.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Прво го спомна Раул, долгогодишната ѕвезда на Реал Мадрид. „Како само се движеше, влегуваше во простор, позициите на кои поставуваше…“

Многу слично го опишал и Холанѓанецот Денис Бергкамп, со кого имал големи битки на натпреварите против Арсенал.

Потоа редот стигна до Роналдо од Бразил. Назарио да Лима, кој поголемиот дел од бековите со кои се соочувал оставаше со кошмари, дури и по бројни операции на двата колена.

„Тој ми даде до знаење дека постои уште повисоко ниво. Најлудо од сѐ е тоа што до првиот натпревар против мене имал четири операции на колена. Не се осмелувам ниту да помислам што би ми правел ако беше целосно подготвен. Тој беше неверојатен и поразличен од сите”, заклучи Фердинанд.

За крај оставил играч кој не бил ѕвезда во светски рамки бидејќи највпечатливите денови од кариерата ги поминал во Болтон, но со години бил закана за сите премиерлигашки одбрани. Станува збор за Кевин Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах објави слика од божиќна елка, па беше жестоко нападнат (Фото)

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќно издание. Фудбалерот на Л…