Дома Останати Кошарка Фенербахче го избрка српскиот џин Марјановиќ

Фенербахче го избрка српскиот џин Марјановиќ

Српскиот кошаркар и највисок играч во Евролигата, Бобан Марјановиќ, повеќе не е дел од Фенербахче, потврди клубот од Истанбул во понеделникот.

Поранешниот НБА кошаркар минатото лето потпиша едногодишен договор со турскиот клуб, но имаше опција да ја прекине соработката пред јануари и ја искористи.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Фенербахче пред неколку дена објави дека го продолжил договорот со Кем Бирч до крајот на сезоната и веднаш се постави прашањето за иднината на Марјановиќ, кој речиси не добива шанса од тренерот Шарунас Јасикевичијус.

Клубот од Босфорот истовремено се обидува да се засили на позицијата „пет“ каде што покрај Бирч се уште и Николо Мели и Сертан Шанли.

Триесет и шестгодишниот српски кошаркар одигра шест натпревари во Евролигата и во просек бележеше 4 поени и 3.5 скокови за 10 минути на теренот. Во турската лига има учинок од 10.1 поени (67.6% за два), 4.9 скокови, 1.6 асистенции и 0.4 блокади.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…