Дома Фудбал Фати доби и седма понуда, но има и седум милиони причини да ја одбие

Фати доби и седма понуда, но има и седум милиони причини да ја одбие

Кога во летото 2021 година ја наследи „десетката“ на Меси, многумина веруваа дека е во добри раце. Повеќе од четири години подоцна, Ансу Фати е еден од најголемите проблеми на Барселона.

Но, да почнеме од почеток. Најголемиот проблем во овој момент за Барса е желбата на Фати да остане иако по рехабилитацијата од повредата, од втората половина на декември, одигра само половина час во натпреварот од Купот на кралот против нисколигашот Барбастра.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Ханси Флик му кажа јасно дека не смета на него, особено во финалето на Суперкупот на Шпанија кога не беше ниту на клупата, а потоа и во последните две кола од Лигата на шампионите кога исто така остана на трибините.

Фати оваа сезона помина на терен помалку од 200 минути, вкупно на само осум настапи, но и покрај тоа одбива да замине.

Која е причината?

Па, можеби е и затоа што Фати е трет најплатен играч во тимот, веднаш зад Френки де Јонг и Роберт Левандовски. Фати заработува бруто дури 14 милиони евра годишно (на сметката му легнуваат околу 7.000.000), што е огромно оптоварување за буџетот на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пике по финалето го зема мобилниот во раце и со една реченица го „уништи“ Реал Мадрид

Барселона синоќа во фантастично финале на Купот на кралот го победи Реал Мадрид со 3:2 и г…