
Се приближува почетокот на НБА плејофот, а и оваа година Денвер ќе има шанси да стигне до доцната фаза на натпреварувањето. Од Колорадо пристигнуваат уште добри вести, затоа што Пејтон Вотсон се враќа во тимот.
Високиот бек се повреди на почетокот од февруари и по нешто повеќе од еден месец отсуство ќе се врати на теренот во клучниот дел од сезоната. Вотсон е важен играч за тимот на Дејвид Аделман и ќе биде вистинско освежување во завршницата од регуларниот дел на сезоната.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Оваа сезона, Вотсон има многу добра статистика. Во просек постигнува 14,9 поени, а на тоа додава и 4,9 скока и две асистенции.