Дома Бокс Фјури по поразот од Усик ги нападна судиите: Ова е подарок за Украинецот

Фјури по поразот од Усик ги нападна судиите: Ова е подарок за Украинецот

Олександар Усик остана светски шампион во тешка категорија според најважните боксерски организации откако во Ријад го победи Тајсон Фјури. Украинскиот боксер победи со едногласна одлука на судиите по 12 рунди, а сите тројца судии крај рингот ја оценија борбата 116:112 во корист на 37-годишниот шампион. Фјури, сепак, смета дека е оштетен од таквата одлука.

Пред седум месеци во првата борба помеѓу овие двајца Усик победи со поделена судиска одлука и за само еден поен ги одбрани титулите коишто ги освои од победата против Ентони Џошуа од борбата одржана во септември 2021 година. Фјури веднаш по прогласувањето на победникот избега од рингот, незадоволен од тоа што го слушна. Новинарите ја добија неговата изјава подоцна.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Се колнам, мислев дека јас сум победник и дека разликата беше три рунди во моја корист. Бев сигурен дека славам, цело време бев пред него. Ова се случува кога нема нокаут. Судиите му дадоа предвремен божиќен подарок на Усик. Чувството ми е дека бев подобар во двете наши борби. Знаев дека треба да го нокаутирам, но тоа е бокс и вакви работи се случуваат. Во мојата глава нема ни најмала сомнеж дека победив во овој меч”, рече Британецот кој сега покрај 34 победи и една борба без победник има и два пораза во кариерата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

„Челичниот“ Русин со еден удар тешко го нокаутираше Пулев (Видео)

Рускиот боксер Мурат Гасиев е новиот редовен првак на светот во тешка категорија според WB…