Денес од 16:00 часот ракометарите на Вардар ќе играат против Порто на гости во Лигата на шампионите.
Вардар минатото коло го победи Мотор со десет разлика во Скопје и сега е на петото место во групата Б со еден бод повеќе од португалскиот тим. Вардар пласманот во следната фаза го обезбеди со победата против Мотор, а сега борбата е за подобар пласман и полесен противник во нокаут фазата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
ЕХФ на официјалната страна овој натпревар го најави овој натпревар во неколку реченици. Во најавата ЕХФ потсети дека најголемата слабост на македонскиот тим е одбраната. Вардар сезонава ја има втората најлоша одбрана во Лигата на шампионите.
Црвено-црните имаат 383 гола, повеќе од Вардар има само Мотор 430.