Дома Фудбал Останато Eриксен: Заминувањето на Конте беше голем шок за мене

Eриксен: Заминувањето на Конте беше голем шок за мене

Данецот Кристијан Ериксен имаше една чудна сезона во Интер со две лица.

Во првиот дел од сезоната Ериксен беше комплетно игнориран од Конте и беше пред заминување во јануари.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На крајот сепак остана. Во вториот дел од сезоната ситуацијата драстично се промени, Интер стигна до шампионската титула, а Ериксен беше еден од најважните играчи.
Сега Данецот зборуваше за односот со Конте.

„Јас и Конте имавме целосно различни идеи, но бевме добри пријатели секогаш. Како ја дочекав веста за неговото заминување? Тоа беше голем шок за мене. Никој не очекуваше таков развој на настаните после освоеното Скудето. Не знам каква ќе биде мојата иднина, многу ќе зависи и од тоа кој ќе биде тренер“, изјави Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…