Денес светот тагува по легендарниот Диего Марадона, Аргентина по веста за неговата смрт прогласи тридневна жалост.
Социјалните мрежи се преполни со пораки и видеа од неговите најдобри моменти, а се издвојува една изјава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во едно интервју Марадона беше запрашан што би сакал да биде ако има шанса повторно да се роди.
„Кога ќе умрам сакам да се родам и повторно да бидам фудбалер. И секако, сакам да бидам Диего Армандо Марадона. Јас сум човек кој донесе радост на многу луѓе и тоа доволно за мене“, гласи легендарната изјава на „Ел Пибе“