Дома Фудбал Останато Eмери: Нејмар не сака да зборува многу, сигурен дека ќе остане во ПСЖ

Eмери: Нејмар не сака да зборува многу, сигурен дека ќе остане во ПСЖ

И поголемите светски медиуми овие денови започнаа да го селат Нејмар во Реал Мадрид, но човекот кој заминува од Париз, Унаи Емери не очекува таков расплет на ситуацијата.

Унаи Емери го имаше своето последно интервју како тренер на ПСЖ, него на клупата на „светците“ ќе го наследи Германецот, Томас Тухел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека Нејмар ќе остане во Пари Сен Жермен, цврсти се темелите на тој проект. Клубот го избра Нејмар и Нејмар го избра Пари Сен Жермен. Сметам дека тој ќе тој и понатаму ќе придонесува за тој проект. Не знам колку долго ќе остане бидејќи во фудбалот никогаш не можеше да знаеш, но следната сезона ќе биде сигурно и тоа според мене е најдобриот избор за Нејмар“, тврди Емери во интервјуто за „Кадена Сер“

„Имаше моменти кога медиуми ги преувеличуваа работите во врска со Нејмар. Тој не зборува многу, но нас ни кажа дека е изморен од тие лаги. Не сум негов портапрол и не сакам тоа да глумам. Најдобро е да го слушате она што тој ќе го каже“, истакна Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…