Дома Македонски спорт Eлмас: Со Спалети се познаваме, но ќе бидеме пријатели само додека започне натпреварот.

Eлмас: Со Спалети се познаваме, но ќе бидеме пријатели само додека започне натпреварот.

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува натпреварот против Италија во терминот од 20:45 часот.

Покрај селекторот Милевски, на денешната прес-конференција присуствуваше и Елиф Елмас кој ќе игра против својот екс-тренер во Наполи, Лучијано Спалети кој од неодамна е селектор на Италија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Очекувам многу промени во однос на претходниот селектор. Го познавам добро, верувам ќе играат офанзивно со голем посед на топка. Спалети сака да игра висок пресинг, не знам колку ќе успее во овие седум дена колку што е селектор на Италија да ги спроведе своите замисли.

Ние соиграчите секако се „пецкаме“ понекогаш, тоа секогаш на пријателски однос. Чест и задоволство е да играш против некој кој ти е соиграч. Утре ќе бидеме противници.

Со Спалети ми е голема чест што ќе се видиме, заедно поминавме убави моменти. Но ќе бидеме пријатели додека почне натпреварот потоа секој на својата страна и за својата држава“, изјави Eлмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…