Дома Фудбал Останато Eден Италијанец замина, друг пристигнува: Канаваро ќе го наследи Пирло

Eден Италијанец замина, друг пристигнува: Канаваро ќе го наследи Пирло

Андреа Пирло на клупата на турски Карагумрук ќе биде наследен од уште едно големо име на италијанскиот фудбал – Фабио Канаваро!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интересно е што Канаваро ќе биде третиот Италијанец на клупата на Карагумрук, претходно покрај Пирло тимот го предводеше и Франческо Фариоли. Пирло по лошите резултати отказот го доби пред крајот на сезоната во мај, а кариерата ја продолжи на клупата на Сампдорија која ќе се обиде да ја врати во Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството веќе донело одлука и Канаваро ќе биде наследникот.

Во тренерската кариера, Канаваро беше тренер на Ал-Нсер, Тијанџин, Гвангжу и Беневенто. Во Беневенто се задржа само 17 натпревари.

Мноту поуспешен, Канаваро беше во играчката кариера во која ја освои титулата светски шампион со Италија, а настапуваше уште за Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Ал-Ахли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Феран Торес веднаш по финалето доби доказ колку еден гол може сè да промени

Феран Торес стана херој на Шпанија откако постигна гол во финалето на Светското првенство …