Дома Фудбал Италија Пирло најави промени за дербито против Наполи

Пирло најави промени за дербито против Наполи

Утре од 20:45 часот ќе се игра дербито на колото помеѓу Јувентус и Наполи, а тренерот на „старата дама“ Андреа Пирло најави промени.

Постојат шпекулации дека овој натпревар може да биде одложен, но засега потврда за такво нешто нема па се тече нормално.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Мислам дека не постои ризик натпреварот да не се одигра, бидејќи протоколите се јасни (тим може да побара одложување ако има 10 заразени). Се припремаме како за било кој друг натпревар и ситуацијата не влијаеше на нас“, изјави Пирло.

Ќе потсетиме, во Наполи позитивен вчера беше Пјотр Зјелински и еден член на стручниот штаб.

Пирло најави промени во однос на претходниот натпревар против Рома.

„Постои можност Артур да започне во средниот ред. На левате страна ќе видиме некој од Квардадо и Џанлука Фработа бидејќи тие двајца потенцијално се стартери на таа позиција. Дибала не играл два месеци, но беше спремен да влезе против Рома. Ќе видиме дали утре ќе биде стартер или ќе чека прилика од клупата“.

Стратегот на Јувентус беше запрашан и за трансферите.

Фабио Партичи се грижи за тоа и ќе видиме дали до понеделник навечер некој ќе дојде и дали ќе замине“, остана мистериозен Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …