Дома Фудбал Останато „Eгоманијак“ каков што не постои – каков еб*н крал, јас сум нивни Бог!

„Eгоманијак“ каков што не постои – каков еб*н крал, јас сум нивни Бог!

ibra

Швеѓанецот дефинитивно е најголемиот „егоманијак“ во светот на фудбалот.

Сите знаеме дека Златан Ибрахимовиќ единствениот човек кој го цени и почитува е – Златан Ибрахимовиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швеѓанецот е познат по неговите изјави, сетете се само како одговори на прашањето: „Што ќе и купите на сопругата за роденден, одговори: Нејзе не и е потребно ништо, го има Златан“.

Бенџамин Стамбули во интервју за „Goal.com“ зборуваше за својот период поминат во Пари Сен Жермен, а иако престојуваше само една година на „Паркот на принцовите“, тоа беше повеќе од доволно да се увери каков човек е Златан Ибрахимовиќ.

„Бевме заедно на масажа кај физиотерапевт и во позадина одеа некои вести. Златан ме праша да му преведам бидејќи беше јасно дека се зборува за него. Му објаснив дека зброуваат дека тој е „крал на Париз“ си помислив ќе биде среќен поради тие зборови бидејќи беше очигледно дека луѓето го обожааваат. Но, следеше поинаква реакција. Беше лут и почна да вика, каков еб*н крал, јас сум нивни Бог! Тој е тотално луд“, изјави Стамбули.

Сегашниот фудбалер на Шалке потоа објасни дека Златан е еден од најдобрите напаѓачи во историјата.

„Неговиот карактер, неговата сила на теренот и способност да биде лидер се неверојатни. Тој е посебна личност која може да ја прочита ситуацијата побрзо од било кој друг. Златан е многу паметен, ги тестира луѓето околу себе во секоја ситуација. Тој обожава да игра психолошки игри со луѓето и така да ги контролира. Сака да победи на секој натпревар, во се. Не е важно дали се работи за фудбалски натпревар или фрлање пластични шишиња во корпа“, зборуваше Стамбули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…