
Патрис Евра жестоко ја осуди одлуката на Африканската фудбалска конфедерација да го додели трофејот на Африканскиот куп на нации на Мароко на зелена маса, иако Сенегал славеше со 1:0 по продолженијата.
“Средбата беше обележана со протест од играчите на Сенегал. На почетокот поднесоа жалба за непосуден пенал, а потоа жестоко реагираа кога ВАР за многу сличен прекршок додели пенал за Мароко.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Тимот на Сенегал, освен Садио Мане, во знак на протест го напушти теренот за повеќе од 20 минути. Со поттик на капитенот, се вратија за да се изведе пеналот, кој Брахим Дијаз го промаши.
Евра изјави дека ова е срамота и скандал за африканскиот фудбал.
Јасно изнервиран, Евра ја доведе во прашање веродостојноста на натпреварувањето, истакнувајќи дека ваквите одлуки го нарушуваат угледот на африканскиот фудбал. Во видео објавено на својот Инстаграм профил, Евра праша: „Сите видовме дека Сенегал победи. Но зошто никој не зборува за овој судија? Каде е тој сега?”
“Африканскиот куп на нации изгуби секое кредибилитет. Два месеца подоцна објавија дека Мароко е шампион… Помислив дека е тоа априлска шега,” заврши Евра со зборовите: “Вистинскиот шампион е Сенегал и секогаш ќе биде.”