
Главниот советник за спортски прашања во Милан, Златан Ибрахимовиќ, по елиминацијата на неговиот клуб од Лигата на шампионите од страна на Феенорд, изјави дека сите се разочарани поради начинот на кој го завршија учеството во натпреварувањето.
Натпреварот заврши нерешено (1:1), што не беше доволно за да продолжат понатаму. Милан поведе уште на почетокот на натпреварот, но во продолжението не се прослави.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Се искомплицира кога Тео Ернандез на почетокот на второто полувреме доби втор жолт картон поради симулирање, за што мораше да го напушти теренот, а Милан остана без еден играч во продолжението на мечот.
„Ни недостасуваше зрелост. Треба да се каже и дека судијата беше строг. Симулирање на ваков натпревар – дајте прво предупредување на играчот, па дури потоа картон. Тоа исклучување целосно го поремети мечот“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој застана во одбрана на неговиот играч Ернандез…
„Кога се случуваат вакви ситуации, не можете да кажете дали се фер или не. Тео не е актер, едноставно така одигра во тој момент. Првиот жолт картон го доби затоа што влечеше за дрес, но тоа се случува на теренот. Лути сме на себеси, затоа што противникот беше посилен вечерва. Не смееме да бидеме лути на судијата или на кој било друг. Сега, по испаѓањето, мора да се свртиме кон следниот натпревар во Серија А, нема време за тага“, истакна Ибра.