Дома Фудбал Еве што планираат Милан и Интер за новиот “Сан Сиро”

Еве што планираат Милан и Интер за новиот “Сан Сиро”

Милан и Интер планираат да изградат „Директен Клуб“ во нивниот нов стадион Сан Сиро, слично на арените на Тотенхем и Манчестер Сити, кој ќе им овозможи на фановите да ги гледаат играчите одблизу пред почетниот свиреж на судијата.

Конечно беше дадено зелено светло за изградба на нов стадион на местото на сегашниот паркинг на „Стадио Џузепе Меаца“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откако новиот објект ќе биде завршен, сегашната структура ќе може да биде срушена или пренаменета за други цели.

Проектот сè уште е во фаза на проектирање, а според „La Gazzetta dello Sport“ едно од дополнувањата, планирани од архитектите Manica и Foster + Partners, е „Директен Клуб“.

Ова е зона за група навивачи со специјални билети, кои ќе можат да ја следат подготовката на играчите во тунелот непосредно пред почетокот на натпреварот, гледајќи ги низ стаклена преграда.

Оваа можност ќе им овозможи да застанат токму до тимовите и да ги погледнат в очи во минутите пред мечот.

Оваа елитна можност веќе постои на стадионот на Тотенхем и на „Етихад“ на Манчестер Сити, а проектот на „спурси“ особено ги инспирираше миланските клубови.

Се очекува новиот Сан Сиро да има околу 71 500 седишта, распоредени на два нивоа, со овална форма, наспроти емблематичната правоаголна структура на сегашниот стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…