Дома Фудбал Еве колку заработи Тотенхем со освојувањето на првиот трофеј од 2008 година

Еве колку заработи Тотенхем со освојувањето на првиот трофеј од 2008 година

ТОТЕНХЕМ во финалето на Лига Европа го победи Манчестер Јунајтед со резултат 1:0. Освен што го освоија третиот наслов во ова натпреварување и првиот трофеј по 2008 година, Спарс си обезбедија и дополнителни десет милиони евра приходи со овој успех.

Освоениот трофеј ќе биде додаден на постоечката колекција во клубските простории, но управата ќе биде повеќе заинтересирана за фактот што со овој резултат изборија учество во следната сезона на Лигата на шампионите, заедно со придружните приходи. Тоа значи дека Англија следната сезона ќе има дури шест претставници во елитното европско натпреварување, што досега никогаш не се случило. Ниту една земја досега немала повеќе од пет клуба во оваа фаза на натпреварувањето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед со пласманот во финалето вкупно заработи 36,4 милиони евра. Тотенхем досега заработи 35,4 милиони, а со бонусот од шест милиони за освојувањето на трофејот таа сума дополнително ќе се зголеми. Плус, Тотенхем автоматски ќе добие четири милиони евра за учество во УЕФА Суперкупот, каде што ќе игра против Интер или ПСЖ.

Вкупната сума што ја очекува Тотенхем секако не е занемарлива, но сè уште не достигнува ниво на приходи што ги генерира учеството во Лигата на шампионите. Имено, ПСЖ и Интер досега од Лигата на шампионите веќе собраа приближно 137 милиони евра, а нив ги чека финалето и можност за дополнителна заработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестока реакција на Осогово: Судијата Салихи е срам и брука за ФФМ!

Осогово претрпе пораз од 2-3 против Скопје во четвртото коло од Втората лига, но мечот во …