Дома Фудбал Еве какви шанси имаат тимовите по ова коло во Лигата на шампионите: Барселона ќе мора во плеј-офот?! (Фото)

Еве какви шанси имаат тимовите по ова коло во Лигата на шампионите: Барселона ќе мора во плеј-офот?! (Фото)

Во вторникот и средата беа одиграни натпреварите од шестото коло на Лигата на шампионите. Најпрестижното клупско натпреварување во светот сега следи пауза од повеќе од еден месец, до втората половина на јануари, кога ќе се играат седмото и осмото коло, по што ќе биде комплетирана лигашката фаза и ќе се знае кој директно помина во осмина-финалето, кој мора во плеј-офот на нокаут-фазата, а кој се опростува од натпреварувањето за оваа сезона.

По ова шесто коло, во трката за место меѓу првите осум на табелата, што води во осмина-финалето, Арсенал може да биде спокоен. Тимот од Лондон сигурно ќе биде таму, додека шансите на Бајерн според симулаторот на страната Football Meets Data се 99 проценти. Многу блиску е и Manchester City со 90 проценти, како и актуелниот првак на Европа ПСЖ (82 проценти).

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Она што веднаш паѓа в очи е дека шансите на Барселона се само 43 проценти. Тоа значи, им се предвидува дека е поверојатно да мораат во плеј-офот на нокаут-фазата отколку директно да се пласираат во осмина-финалето. Сепак, охрабрувачко за Барса е фактот што во преостанатите две кола играат против клубови од кои сигурно се поквалитетни (ќе го посетат Славија Прага, а потоа се домаќини на Копенхаген), иако е прашање дали можните 16 бодови ќе им бидат доволни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола воодушевен од играч на Реал Мадрид – нема да верувате кого издвои

Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 2:1 на Сантјаго Бернабеу во средата во натпреварот…