
Арсенал успеа да постигне целосен договор со лисабонскиот Спортинг за шведскиот напаѓач Виктор Ѓокерес. Според информациите од португалскиот Record, трансферот достигнува вкупна вредност од 73,5 милиони евра. Арсенал ќе исплати 63,5 милиони евра наеднаш, додека дополнителните 10 милиони евра ќе се покријат преку бонуси кои зависат од успехот на играчот и тимот.
Напредокот во преговорите дојде по нeколкудневни преговори за структурата и реализацијата на бонусите. Претседателот на Спортинг, Фредерико Варандаш, инсистираше условите за исплата на бонусите да бидат релативно лесно достапни, барајќи поголемиот дел од таа сума, околу 7,5 милиони евра, да биде исполнет во првите две сезони на Ѓокерес во Лондон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На крај, двете страни постигнаа компромис: бонусот останува вкупно 10 милиони евра, но ќе се распределува на подолг временски период, со појасни критериуми. Исплатите ќе зависат од комбинација на индивидуалните учиноци и тимските успех од како освојување на трофеи или пласман во Лигата на шампионите – но само ако Ѓокерес активно учествува во тие достигнувања.
Точните рокови за исплата, правните детали и уделите за поранешните клубови не се објавени, но основниот рамковен договор ги задоволува и финансиската стратегија на Арсенал и барањата на Спортинг.