Дома Фудбал Eве како изгледа стадионот на кој ќе биде отворено Светското првенство во 2026 година (Видео)

Eве како изгледа стадионот на кој ќе биде отворено Светското првенство во 2026 година (Видео)

Властите на главниот мексикански град Сиудад де Мексико објавија дека отворањето на реновираниот митски стадион Азтека, кој ќе биде преименуван во Стадион Сиудад де Мексико, ќе се одржи во март следната година.

На овој стадион, кој бил домаќин на финалата на светските првенства во 1970 и 1986 година, на 11 јуни следната година ќе се одигра првиот натпревар од СП 2026, на кој Мексико ќе биде ко-домаќин со Соединетите Американски Држави и Канада.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Стадионот ќе биде модернизиран со нови соблекувални, подобрени зони за ВИП гости и зголемување на капацитетот, но сè уште не е познато колкав ќе биде капацитетот. Во првото видео погледнете како изгледа стадионот денес, среде обновата.

Три од вкупно 16 стадиони ќе бидат во Латинска Америка, при што централниот град Гвадалахара и индустрискиот центар Монтереј на северот, заедно со главниот град, ќе го поделат домаќинството во Мексико. Преостанатите 11 стадиони ќе бидат во Соединетите Американски Држави, а два во Канада.

Мексиканската влада и градските власти соработуваат за да обезбедат “искуството да биде безбедно и непречено”, изјави министерката за внатрешни работи Роса Ицела Родригес на презентацијата. “Повеќе од пет милиони луѓе се очекуваат во Мексико Сити”, рече таа, потенцирајќи дека главниот град има околу девет милиони жители и се наоѓа на надморска височина од повеќе од 2.200 метри.

Обновата предизвика контроверзии откако стадионот беше преименуван според банката која го финансирала проектот. ФИФА нареди стадионот, поради правилата за брендирање, да се нарекува Стадион Мексико Сити, а во второто видео погледнете како би требало да изгледа по завршувањето на работите.

Говорејќи за безбедносните прашања во земјата погодена од криминално насилство, градоначалничката на Мексико Сити Клара Бругада објави набавка на 40 илјади нови надзорни камери, со што вкупниот број ќе се зголеми на 123 илјади.

“Ќе бидеме град со најмногу надзорни камери во цела Америка”, рече таа. Организаторите повикаа Светското првенство да помине без хомофобија, расизам и други форми на прекршување на граѓанските права. ФИФА неколку пати го казнуваше Мексико поради хомофобни скандирања на нивните навивачи на стадионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тврди: Навивач на Барселона ќе го суди „Ел Класико“

Во Реал Мадрид денес обвинуваат дека назначениот судија во Ел Класико, Алехандро Ернандез …