
Тео Ернандез неодамна ја одби понудата на Ал Хилал затоа што сака да остане во Европа.
Сè беше договорено помеѓу Милан и Ал Хилал околу доаѓањето на Ернандез, но, бекот на италијанскиот клуб ја одби понудата. Трансферот требаше да изнесува околу 35 милиони, но францускиот бек не беше задоволен со дестинацијата.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Ернандез изрази желба да остане во Европа, а за него е заинтересиран Атлетико Мадрид.
Преговорите помеѓу „Јорганџиите“ и Милан започнаа, но уште не се стигнало до конечен договор околу обесштетувањето. Атлетико се обидува да ја намали цената, Милан не се попушта, а желбата на Ернандез е да се врати во главниот град на Шпанија.
Францускиот играч веќе престојуваше во Мадрид. Беше фудбалер на Реал Мадрид, а кариерата ја започна токму во Атлетико Мадрид. Потоа премина во Реал Мадрид за 24 милиони, па неговото враќање и пречек кај навивачите би било интересно да се следи.
Ернандез немаше одлична сезона во Милан. На 33 натпревари постигна три гола и додаде четири асистенции, но имаше многу грешки. Ни тој веќе не е задоволен, ни Милан, па разделбата е многу реална опција.