Дома Фудбал Ериксен го напушта Манчестер јунајте, но нема да ја заврши кариерата

Ериксен го напушта Манчестер јунајте, но нема да ја заврши кариерата

Мисијата на искусниот дански фудбалер Кристијан Ериксен (33) во Манчестер Јунајтед ќе биде наскоро завршена.

Нему во јуни му истекува договорот со паднатиот англиски великан, а Јунајтед нема да го продолжи.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Сепак, фудбалерот кој на Европското првенство 2021 година, на натпреварот Данска – Финска во првото коло, доживеа инфаркт, а потоа по шест месеци се врати на терен, не размислува да ја заврши кариерата.

Сè уште се чувствува добро и останува само да се види дали ќе остане во Премиер лигата или можеби ќе одлучи да ја заврши кариерата во родниот Оденсе.

Ериксен оваа сезона одигра 21 натпревар за Јунајтед во сите натпреварувања, со четири гола и исто толку асистенции. Менаџерот Рубен Аморим од 13 натпревари во Премиер лигата, колку што ги водеше, Ериксен го користеше само на четири натпревари и тоа вкупно 120 минути, што јасно покажува дека не смета на него.

Данецот во кариерата играше за Оденсе, Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и од 2022 година за Манчестер Јунајтед.

Со 140 одиграни натпревари е рекордер на селекцијата на Данска. За националниот тим постигна 43 гола и се очекува да биде дел од Светското првенство 2026 година, доколку Данска се пласира на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите фудбалерки ќе одиграат два натпревари против БиХ, Мерко го објави списокот

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години кон крајот на февруари ќе одигра …