Дома Фудбал Eнрике по шокантниот пораз: Против ваков тим не сме играле во Лигата на шампионите!

Eнрике по шокантниот пораз: Против ваков тим не сме играле во Лигата на шампионите!

Ботафого приреди една од најголемите сензации во модерната фудбалска историја – го победи ПСЖ, актуелниот европски шампион, при што Луис Енрике му го честиташе успехот на противникот.

Шампионот на Јужна Америка се фокусираше на зачувањето на топката, играјќи цврста одбрана што резултираше во успех.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


“Ботафого е тимот што најдобро се бранеше против нас оваа сезона, и во Лига 1 и во Лигата на шампионите. Од самиот почеток излегоа со ниска дефанзивна линија и ни направија се да биде многу потешко, бидејќи беа многу ефикасни и сплотени. Не создадовме многу шанси како што најчесто правиме”, изјави Луис Енрике.

Зборовите на Луис Енрике се докажуваат и со статистика. Одбраната на Ботафого минатата ноќ блокираше дури седум удари, успеа 47 пати да ја прочисти опасната зона и имаа осум чисти одземања на топката.

Не е случајно што Ботафого е лидер на групата со шест бодови и е на чекор од пласман во осминафиналето.

ПСЖ во последното коло ќе се соочи со Сиетл Саундерс и сигурно ќе оди понатаму доколку победи, бидејќи има убедлива победа над Атлетико, кој е сега е далеку од следната фаза.

Фото: PSG/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо потврди дека Адеми заминува – го испрати со емотивна порака! (Фото)

По повеќе од една деценија верна служба, Аријан Адеми и официјално се раздели со Динамо За…