
Реал Мадрид во летниот трансфер период мора да донесе стопер, а главен кандидат за таа позиција е англискиот репрезентативец од Евертон 22-годишниот Џарад Брантвејт, објавија британските медиуми во средата. Кралскиот клуб е многу тенок на позицијата стопер.
Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, додека на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) договорите им истекуваат во јуни следната година. Тренерот на Реал Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој дебитираше во Премиер лигата додека Дон Карло го водеше Евертон. Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон глатко ја отфрли нивната понуда.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
„Карамелите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа и можат бидејќи договорот му важи до јуни 2027 година, со тоа што имаат опција за продолжување за уште една сезона. Британските медиуми наведуваат дека Евертон не е наклонет кон продажба на Брантвејт, но би ја разгледал понуда над 85 милиони евра.