Дома Фудбал Емотивен крај на ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид

Емотивен крај на ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид

Пред почетокот на Светското клупско првенство, кое заврши синоќа, се знаеше само едно, а тоа е дека Лука Модриќ ќе си замине од Реал Мадрид кога ова натпреварување ќе заврши за нив.

Сите во Реал Мадрид се надеваа дека ќе се простат од Модриќ со нова титула, но тоа на крајот не се случи. По повратокот на Модриќ од Њујорк во Мадрид, хрватскиот репрезентативец одлучи да остане два дена, пишуваат новинарите од спортските новини.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сите играчи и тренери се на одмор, па Модриќ сам отиде до кампот Валдебебас каде што престојуваше скоро секој ден во последните 13 години.

Модриќ ги испразни плакарите во својата соба и се поздрави со персоналот кој беше таму и кој работи во овој период од годината.

Потоа мораше да го врати и спонзорскиот БМВ, а за денес е планиран неговиот лет во Италија каде ќе ги среди сите работи за да стане нов играч на Милан.

Навистина последните денови на Лука Модриќ во Реал Мадрид беа многу тажни, бидејќи беше сам и поради силните емоции од сè што се случува.

Денеска Модриќ го очекува многу напорен ден, а откако ќе пристигне во Милан прво треба да ги направи лекарските прегледи.

Тоа ќе го направи на две клиники, бидејќи таква е процедурата за сите нови фудбалери кои доаѓаат во овој клуб.

По тоа, ќе има време за одмор, а потоа ќе се упати кон Каза Милан, клупската зграда, и таму ќе го потпише договорот, а потоа следува фотографирање и првото интервју за клубската телевизија.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјава која ја подели јавноста: Светското клупско првенство наскоро ќе биде поважно од Лигата на шампионите!

Енцо Мареска е пресреќен по освојувањето на вториот трофеј во својата деби сезона со Челзи…