
Познатиот голман Кејлор Навас минува низ најтешките мигови во својата кариера, откако брани за аргентинскиот Њуелс Олд Бојс и мора да води правни битки во неколку земји, вклучувајќи ја неговата родна Костарика, Франција и Шпанија.
Како што пишува „Марка“, Навас во Костарика заедно со својата сопруга беше тужен во 2020 година поради спор кој вклучуваше Electro Body Center, франшиза што тој ја воведе во земјата. Компанијата наводно се соочила со технички проблеми, што довело до тужба во која се бараше оштета од 150.000 долари.
😱 Темната страна на Кейлор Навас: тужен во Париз, Мадрид и Костарика
— MARCA (@marca) February 19, 2025
✍️ Раскажува @jigochoa https://t.co/7OpyWFHOGH
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Од друга страна, во Франција, Навас минатото лето беше обвинет дека искористувал работник, сместувајќи го во влажен подрум без прозорци и не му дал договор. Адвокатот на работникот ја опиша ситуацијата како “модерно ропство”, презентирајќи видео во кое Навас наводно кажува: “Ние овде не работиме според француски закони. Без француски договор, ви плаќам во готово. Работиме според моите правила.”
Во Мадрид, судот во јануари 2024 година пресуди дека Навас мора да исплати 250.000 евра плус камати поради кршење на договор со Breathe Football, агенција на неговиот долгогодишен агент Рикардо Кабанас.
Голманот еднострано го раскинал нивниот договор, потпишан во 2015 година, и се жалил на одлуката, додека се соочувал со уште еден спор со својот поранешен агент, кој е во тек.
Навас бил исто така вклучен во правни спорови поради времето кое го помина во репрезентацијата на Костарика. Го обвинуваа дека се заканувал со губење на натпревари ако сојузот не го отпушти тренерот Хорхе Луис Пинто.