
Нема конечка одлука од страна на ЕХФ по повод одложениот реванш дуел од финалниот двомеч од Европскиот куп помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК од Атина кој што требаше да се одигра во Скопје.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека ја предала целата релевантна документација што ја поседува до своите правни тела и побарала иницирање на правна постапка против Алкалоид и АЕК.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Според соопштението на ЕХФ, доставената документација до правните органи се однесува, меѓу другото, на дистрибуцијата на билети за гостинските навивачи од страна на Алкалоид во деновите пред натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да излезе на теренот за почетокот на натпреварот.
И двата клуба се повикани да достават свои изјави и информации кои ќе бидат земени предвид од правните тела на федерацијата.
Наместо одлука и доделување на титулата за нашиот Алкалоид, кој што уредно го организираше мечот, ЕХФ носи срамна одлука и одолговлекува.