
Фудбалската репрезентација на Иран би можела да остане без настап на Светското првенство ова лето. Оваа селекција е подготвена да се откаже од настапот поради војната со Израел и Соединетите Американски Држави, но одлуката сѐ уште не е конечна.
Иран би можел да го пропушти Светското првенство. Оваа селекција е подготвена да се откаже од натпреварувањето поради напад од страна на Израел и Соединетите Американски Држави.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Иако сѐ уште не е конечна, одлуката за откажување е многу блиску, а Светската фудбалска федерација (ФИФА) не сака сѐ уште да донесе никакви одлуки од своја страна.
„Прерано е за било какви одлуки. ФИФА ќе го разгледа сето што се случува и приоритет ни е сигурен турнир за сите”, рече генерален секретар на ФИФА Матијас Графстром.
Репрезентацијата на Иран требаше да ги одигра сите три натпревари од групната фаза во Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, изгледа дека од нивниот настап нема да има ништо.