Дома Фудбал Една од најголемите легенди на Арсенал заврши болница – имал проблеми со срцето!

Една од најголемите легенди на Арсенал заврши болница – имал проблеми со срцето!

Легендарниот чешки фудбалер Томаш Розицки (44) е итно примен во болница поради срцеви проблеми, потврди фудбалскиот клуб Спарта Прага.

Во изминатите шест и пол години, Розицки работи како спортски директор на Спарта и во тој период клубот двапати се закитил со титулата шампион на Чешка, а исто толку пати го има освоено и Купот на Чешка.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Розицки заврши во болница минатата недела, а Спарта дури денеска излезе со официјално соопштение, потврдувајќи дека претходно се жалел на срцеви тегоби, пред да биде итно хоспитализиран.

“Нашиот спортски директор Томаш Розицки неочекувано беше примен на интензивна нега минатиот вторник поради срцеви проблеми,” се наведува во соопштението од Спарта Прага.

Розицки ја започна својата играчка кариера во тимот на Спарта, каде што го направи своето фудбалско деби, а потоа остави длабока трага во европскиот фудбал играјќи за Борусија Дортмунд и Арсенал.

Фото: Arsenal/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген со порака до навивачите: Денеска е за мене тежок ден…

Искусниот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој само во завршницата на минатата …