
Њукасл е во потрага по нов голман ова лето и нивна прва цел беше резервниот чувар на мрежата на Реал Мадрид, Андреј Лунін.
Премиерлигашот испрати официјална понуда до “Сантијаго Бернабеу” во вредност од 3.000.000 евра за позајмица на една сезона, со обврска за купување следното лето, но Реал Мадрид категорично ги одби сите преговoри околу возможната зделка, известуваат шпанските медиуми.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Новиот тренер, Чаби Алонсо, се стреми да има два врвни голмани на располагање, и бидејќи Тибо Куртоа неодамна го продолжи својот договор, јасно е дека Реал ќе почне новата сезона со истите голмански сили.
Сезоната е долга и Лунін несомнено ќе добие шанса да се докаже, особено во куп натпреварувањата.
Најдобрите моменти во кариерата на Лунин беа во пролетта 2024 година, кога ја искористи повредата на Кортуа и беше главен херој во пласманот на Реал до финалето на Лигата на шампионите.
Белгиецот се опорави за финалето, па тогашниот тренер Карло Анчелоти се реши да го стави Куртуа на голот во мечот во кој Реал ја совлада Борујсија Дортмунд со 2:0.