Дома Останати Кошарка Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата се повреди – во солзи го изнесуваа од паркетот (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата се повреди – во солзи го изнесуваа од паркетот (Видео)

Панатинаикос победи кај Анадолу Ефес со 95:81, но резултатот на натпреварот беше засенет од тешката повреда на домашниот играч, Грк кој стана славен токму во ПАО. Георгиос Папаѓанис (28), центар на турскиот тим висок 2.21, пет минути пред полувремето, при обид за забивање, незгодно скокна со левата нога на игриштето.

Тој падна и остана да лежи на теренот, виткајќи се од болка. Соиграчите и противниците се собраа околу Папаѓанис, му даваа утеха и поддршка. По првата помош која му беше укажана од медицинскиот тим на Ефес, Папаѓанис беше изнесен од теренот на носилки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Папаѓанис летово стигна во Ефес од Монако, каде што играше минатата сезона, а претходно настапуваше за Фенербахче и Панатинаикос. Во грчкиот великан помина вкупно седум години во две фази и со него освои три шампионати и четири купа. Во Панатинаикос беше и најдобриот скакач и блокатор на Евролигата. Блокаторскиот подвиг го повтори и минатата сезона во Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Погледнете што правеше Дончиќ против Сакраменто, сепак не беше доволно! (Видео)

Со слободно фрлање на Исак Џонс во последната секунда, тимот на Сакраменто Кингс ја освои …