Дома Фудбал Еден од најбараните голгетери нема дилеми и сака само во еден клуб, но Лајпиг – има други планови!

Еден од најбараните голгетери нема дилеми и сака само во еден клуб, но Лајпиг – има други планови!

Трансфер сагата околу Беџамин Шешко е на пат да се реши. Њукасл и Манчестер Јунајтед веќе ги доставија своите понуди, а словенечкиот напаѓач има јасна желба за својот нареден клуб.

Шешко постигна договор за личните услови со Манчестер Јунајтед, но тоа не значи дека сагата е завршена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега потегот е во рацете на Лајпциг. Бундеслигашот е повеќе наклонет кон понудата на Њукасл, која е за пет милиони евра повисока.

Постојат два начини на кои оваа компликација може да се реши. Или Манчестер Јунајтед ќе ја зголеми понудата кон Лајпциг, или Њукасл ќе успее да го убеди Шешко.

Се чини дека првото сценарио е поблиску до реализација. Шешко е јасен во својата намера да игра на Олд Трафорд и ја постигна согласноста за соработка до 2030. година. Сепак, не треба да се потцени и стратегијата на Њукасл, кој би можел да направи изненадувачки пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема крај на проблемите: Родри повторно се повреди

Шпанскиот играч за врска Родри продолжува со опоравувањето од повреда на тетивата, поради …