
Една од трансферните цели на Барселона станува многу поизводлива како опција, бидејќи дефанзивецот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек не планира да го обнови договорот, тврди германскиот весник „Билд“, цитиран и од „Мундо Депортиво“.
Шпанскиот гигант го смета централниот дефанзивец како еден од приоритетите за следното лето. Клубот е нетрпелив да привлече квалитетен фудбалер во одбраната, кој би соработувал со Пау Кубарси.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Шлотербек сега изгледа како реална опција за Барселона, уште повеќе што е ценет од тренерот Ханзи Флик, кој му даде шанса за дебит во националниот тим на Германија и добро ги познава неговите квалитети. Германскиот репрезентативец одлучил да не го обнови договорот со тимот Дортмунд, и покрај можноста да ја зголеми својата плата од 2,5 милиони евра на 8 милиони.
Сегашниот му договор истекува во 2027 година, но Борусија може да се обиде да ги намали своите загуби и да го продаде идното лето. Меѓу другите европски тимови кои изразиле интерес за Нико Шлотербек се и Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул.