Дома Останати Ракомет EХФ направи големи промени во ракометната Лига на шампиони

EХФ направи големи промени во ракометната Лига на шампиони

dibirov, barcelona

Попладнево се одржа состанок во Париз и тој ќе биде запаметен по големите промени направени во најголемите европски клупски натпревари.

Од сезоната 2020/2021 година Лигата на шампионите и актуелниот ЕХФ куп ќе добијат комплетно нов формат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Промените денес беа изгласани, а Лигата на шампионите од сезоната 2020 ќе брои дури 12 тима помалку, па така за две години во ова натпреварување ќе гледаме 16 екипи. Според овие промени во првата фаза ќе имаме само две групи, после што ќе се формира четвртфинале, а потоа ќе следи фајнал-фор турнирот.

Промена е направена и во термините, па така сега натпреварите ќе се играат само во два дена, среда и четврток, нешто слично како фудбалската Лигата на шампиони која се игра во вторник и среда.

Засега се уште не е познато кои тимови ќе обезбедуваат настап, но се шпекулира дека учество ќе обезбедуваат осумте шампиони од најдобро рангираните првенства, плус уште осум кои ќе добијат вајлд-карта.

Ќе се менува и второто о ранг натпреварување кое од истата сезона (2020/2021) ќе се вика Европска ракометна лига и ќе биде составено од 24 клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…