Дома Фудбал Лига на шампиони Eпскиот пресврт на Ливерпул, донесе епски гаф на Каталонците: Барса ја исмејуваат поради ова видео

Eпскиот пресврт на Ливерпул, донесе епски гаф на Каталонците: Барса ја исмејуваат поради ова видео

Барселона вчера доживеа вистински дебакл.

Иако Каталонците на „Енфилд“ пристигнаа со три гола предност, Ливерпул ги декласираше со 4:0 и така се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Очигледно тимот од „Ноу Камп“ ги потцени „црвените“ во реваншот. На крајот тоа и им се одби од глава и Барселона втора година во низа испаѓа после три гола предност од првиот натпревар.

Колку во Каталонија беа убедени во пласман во финалето доволно зборува податокот дека весникот „Спорт“ веќе имаше спремно видео во кое се зборува за влезот во новото финале.

Што е најлошо за Каталонците ова видео се најде на друштвените мрежи и сега служи за исмејување на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Влаховиќ сурово спуштен на земја! Србинот отпишан во Јувентус, па дознал за колку пари го продаваат

Јувентус го донесе Влаховиќ во јануари 2022 година од Фиорентина како големо засилување, и…