Дома Фудбал Италија Eлмас за неговата омилена позиција: Не сум играл само уште како голман

Eлмас за неговата омилена позиција: Не сум играл само уште како голман

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас денес беше гостин во Радио „Кис Кис“ каде што одговораше на различни прашања.

Едно од прашањата беше и за неговата омилена позиција во Наполи. Од кога дојде во Неапол, Елмас играше на повеќе позиции, а низ насмевка порача дека не играл само уште како голман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не сум играл само уште како голман…Но, не му кажувајте на Оспина ќе се налути“, со насмевка одговори Елмас, па беше посериозен.

„Искрено сакам да бидам во средниот ред како офанзивен играч, но не ми претставува проблем и да играм како лево крило, лесно се адаптирам на секоја позиција. Најважно е да играм редовно“, порача Македонецот.

Од доаѓањето на Спалети ситуацијата за Елмас се промени на подобро и добива многу повеќе простор за игра.

„Тренерот ме сака, а и јас него. Со неговото доаѓање многу работи се променија“, порача македонскиот „дијамант“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…