Еден од најпознатите светски судии Феликс Брих става крај на неговата голема кариера на меѓународна сцена.
Легендарниот германски арбитар ќе дели правда на дербито во Лигата на шампионите кое утре го играат Реал Мадрид и Интер. Тоа ќе биде неговиот последен натпревар на интернационална и највисока сцена за судијата кој во 2021 година беше избран за најдобар според ИФФХС.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Феликс во Лигата на шампионите делел правда на 68 натпревари со што е рекордер во најелитното европско натпреварување. Интересно е што неговиот последен натпревар ќе биде прв во кој му суди на Интер. Калчолигашот ќе биде 71. клуб во Европа кој играл во натпревар во кој судел Брих.