Дома Фудбал Eве како изгледа првиот список на играчи на Куман во Барселона – отпаднаа две познати имиња!

Eве како изгледа првиот список на играчи на Куман во Барселона – отпаднаа две познати имиња!

Роналд Куман денес ќе го има неофицијалното деби на клупата на Барселона.

Каталонците ќе го одиграат првиот од трите припремни натпревари, а денешниот ривал на стадионот „Јохан Кројф“ ќе биде Настик од Тарагона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најголемо внимание привлекува што на овој список ги нема Луис Суарез и Артуро Видал. Суарез се поврзува со Јувентус, додека Видал со Интер.

Се шпекулираше дека Уругваецот бара исплата на целиот договор до јуни за да замине и тука е проблемот. Од друга страна Видал изгледа се договорил со Каталонците и како слободен играч би требало да се пресели во Интер.

Исто така помеѓу повиканите го нема Рафиња кој може да се пресели во Премиер лигата.

Она што е важно е што Лионел Меси е на списокот, како и Осман Дембеле кој последен пат настапи пред 290 дена.

Тука е и повратникот Фелипе Кутињо, новајлиите Тринкао и Педри, недостасува повредениот Фати и оперираниот Тер Штеген, но и Миралем Пјаниќ, Умтити и Жан-Клер Тодибо кој поради позитивни тестови на Ковид дури денес го одработија првиот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети ја менува формацијата и го враќа Влаховиќ на клупата?

Лучано Спалети денес официјално ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус, а веќе се …