Дома Фудбал Лига на шампиони Eмери победата над Јувентус ја посвети на потпретседателот на клубот кој се бори со леукемија

Eмери победата над Јувентус ја посвети на потпретседателот на клубот кој се бори со леукемија

Виљареал вчера со победа од 0:3 во Торино го елиминираше Јувентус од Лигатан а шампионите. Во Шпанија резултатот беше 1:1, Јувентус важеше за фаворит во реваншот, но во финишот од мечот вчера прими три гола.

Победата од овој натпревар стратегот на Виљареал Унаи Емери ја посвети на неговиот 73-годишен пријател Хозе Мануел кој 28 години беше потпретседател на клубот. Тој се повлече минатиот месец со писмо преку кое соопшти дека има леукемија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Оваа победа ја посветувам Хозе Мануел Љанеза. Сите сакаме за него да биде овој триумф затоа што поминува низ тешки моменти. Станува збор за човек полн со енергија и се надевам дека оваа победа ќе му донесе радост“, изјави Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…